Најлудите фобии на светот

LinkSense.mk

За стравот од гужви, животни и темнина веројатно сте слушнале, но тешко дека сте можеле да замислите дека некој се плаши од стапови или одредени бои.

Ова се дефинитивно најшокантните фобии, забележани во светот.

1. Турофобија

Верувале или не, турофобијата е страв од сирење. Овие луѓе не се згрозуваат од сирење, тие имаат проблем да поминат покрај полицата каде што е изложено сирењето.

2. Библиофобија

Многумина тврдат дека ова е најтажната фобија од сите. Тука не станува збор само за тоа дека лицето има проблем со учење градиво или со читање стручна литература. Луѓето кои страдаат од оваа фобија, буквално не можат да поминат покрај книжарницата.

3. Франкофобија

Буквално страв од Французите и нивната култура. Со оглед на тоа дека тука се работи за ирационални фобии, тешко дека за ова ќе најдете рационално објаснување.

4. Гамофобија

Гамофобија е страв од врска или брак. Би се рекло дека ова, сепак, е легитимно, а и веројатно може да се објасни.

5. Еуфобија

Оваа фобија укажува на страв од добри вести. Просто е неверојатно, дека ваква фобија е забележана каде било.

6. Оикофобија

Оваа фобија укажува на страв од домашни апарати. Во основа, ова е совршен изговор за да се избегне да се поминува со правосмукалка. Сега кога го откривме, можеби некоја од домаќинките ќе ја искористат приликата.

7. Пентерафобија

Доколку ви откриеме дека се работи за фобија од свекрви, сигурни сме дека многу жени ќе го искористат ова. Да не се чудиме ако овој термин стане актуелен кај нас.

8. Консекоталеофобија

Стравот од стапчиња навистина постои. Претпоставката е дека овие лица никогаш не јадат суши. Дилемата е дали истите чисти уши.

9. Синистрофобија

Ова е всушност страв на левораките. Замислете само да имате леворак близок роднина.

10. Арахибутирофобија

Фобија од тоа путер од кикирики да ви се залепи за уста. Иако изгледа апсолутно банално, со неа лесно е да се живее. Доволно е да не купувате путер од кикирики.