Најмалку четири лица загинаа а над 100 се повредени во земјотресот во Јапонија

LinkSense.mk

Земјотресот кој првично беше со јачина од 7,3 степени го погоди брегот на источната јапонска префектура Фукушима, истото подрачје како и во 2011 година, кога потрес со интензитет од девет степени доведе до нуклеарна катастрофа во Фукушима.

Најмалку четири лица загинаа а над 100 се повредени во силниот земјотрес, што вчера го погоди источниот дел на Јапонија, јави Си-ен-ен.

Како што пренесе Си-ен-ен, еден од загинатите е маж на 60-годишна возраст, кој живеел во градот Сома, соопшти локалната канцеларија за спречување катастрофи.

Повредените од земјотресот се префрлени во болницата во градот Сома во Фукушима, јави јапонската агенција Кјодо, а напојувањето со струја во Токио е вратено во нормала.

Земјотресот, како што соопшти јапонската метеоролошка агенција, бил со прелиминарна длабочина на епицентарот од 60 километри. Првично беше со јачина од 7,3 степени, но во четвртокот беше зголемен на 7,4.

Земјотресот кој првично беше со јачина од 7,3 степени го погоди брегот на источната јапонска префектура Фукушима, истото подрачје како и во 2011 година, кога потрес со интензитет од девет степени доведе до нуклеарна катастрофа во Фукушима.

По земјотресот во средата беше издадено предупредување за цунами за крајбрежните префектури Фукушима и Мијаги, но јапонскиот премиер Фумио Кишида подоцна рече дека „не се откриени абнормалности“ во ниту една од нуклеарните централи во земјата.