Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд се очекува до средината на следната седмица под влијание на циклонска активност, при што локално ќе има поројни врнежи, засилен ветер и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Врнежите наместа ќе бидат пообилни, со над 20 литри на квадратен метар, особено в недела. Локално се очекува нестабилност со појава на невреме, проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.
Од понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.
Во вторник, под влијание на постуден воздушен бран, на некои од повисоките планини дождот ќе преминува во снег.







