Неделен хороскоп за периодот од 25 декември до 1 јануари

Прочитајте што во текот на следните денови ве чека на работа, во љубовта, дали ќе се сложувате со домашните, како ќе ве служи здравјето и дали да инвестирате.

ОВЕН (21.3 – 20.4)

Работа – Влегувањето на Марс во знакот на Риби укажува на брза промена на околностите и договорите, заради што многу нешта на работа ќе ви бидат конфузни. Подгответе се да влезете во нова работа која би можела да ви донесе добри приходи, но само ако се придржувате на договорот и не направите ниту мала грешка.
Љубов – Венера во единаесеттото поле, во добар аспект со Сатурн и Јупитер, наговестува потреба за стабилност и неподготвеност на радикални барања. Сепак, во овој период ве очекува авантура со лице од кругот на пријатели.
Здравје – Планирајте излегување или омилена разонода како потстрек за добро расположение.

БИК (21.4 – 21.5)

Работа – Венера во вашето поле на кариера, згора на тоа и поволно аспектирана со Сатурн, укажува дека би требало да бидете активни и да не пропуштите деловни шанси кои ви се нудат. Потребно е да имате подобра селекција при избор на теми што ви одговараат, но и соработници кои можат да ви пружат поддршка во деловната акција.
Љубов – Периодот почнува со присуството на Месечината во вашето седмо поле, што би можело да значи добра размена на емоции. Обидете се да не наседнувате на љубомора и други пориви кои ви ги намалуваат шансите да остварите квалитетна врска.
Здравје-Избегнувајте стресни ситуации и личности кои ве иритираат.

БЛИЗНАЦИ (22.5 – 21.6)

Работа – Позицијата на Марс во десеттото поле влијае на деловните односи кои не се типични за вас. Лесно може да се случи „краткиот фитил“ да ве насочи поефикасно кон некоја цел отколку бројни други работи. Меркур, вашиот владетел тргна со ретроградно движење, заради што е најдобро да не влегувате во нови деловни проекти, туку да ги завршите започнатите.
Љубов – Јупитер во Вага, уште и во врска и со Венера е симбол на идеали во љубовта. Но, бидејќи идеалите тешко функционираат во секојдневниот живот потребно е да бидете што пореални.
Здравје-Обрнете внимание на исхраната и консумирајте повеќе течности.

РАК (22.6 – 22.7)

Работа – Немате доволно концентрација да се занимавате со работи кои се на листата на вашите деловни интересирања и приоритети, а ниту такт во комуникацијата со соработниците, а со повеќето лошо се разбирате. Немојте да влегувате во конфликт со постарите колеги и надредените.
Љубов – Присуството на Меркур во вашето седмо поле прави со партнерот воопшто да не се разбирате. Се сомневате дека партнерот е повеќе свртен кон некои случувања од минатото или кон лица со кои порано контактирал. Не е исклучено дека вачите сомнежи се оправдани, но е можно дека едноставно не се разбирате.
Здравје – Одмарајте се и спијте повеќе.

ЛАВ (23.7 – 22.8)

Работа – Многу сте заинтересиран за нови можности и предизвици затоа што во вас има желба за професионално докажување. Имате големи очекувања како од себе така и од колегите и претпоставените. Марс во седмото поле ќе ве доведе во разни опасни ситуации на работа.
Љубов – Венера во седмото поле повеќе ви прави замки отколку што прави добро да се чуствувате и да уживате во емоциите. Затоа е потребно брзо да се определувате, но и да не влегувате во паралелни врски, бидејќи лесно може да загубите на двете страни.
Здравје – Ако успеете подобро да ја контролирате импулсивноста, ќе имате помалку стомачни проблеми.

ДЕВИЦА (23.8 – 22.9)

Работа – Факторот на изненадување, кој во себе ја носи ретроградноста на Меркур, владеачката планета, често знае да ви ги поремети ритамот и работната концентрација. Меркур од Јарец прави тежок аспект со Јупитер, затоа е вистинско време да ги завршите работните обврски од претходниот период и да ги вратите долговите.
Љубов – Присуството на Марс во седмото поле значи дека ве нервира однесувањето на партнерот, особено во оние ситуации кои според вас не се важни. Од друга страна, партнерот мисли дека сега е најважно да стигнете до некоја, само нему позната, цел.
Здравје – Разбистрете ги мислите и чувствата, ќе ви одговара релаксација.

ВАГА (23.9 – 22.10)

Работа – Не бидете пасивни, туку искористете го Јупитер кој може да ви донесе бројни контакти со големи фирми или со оние кои работат со странство. Умеете да го употребите својот авторитет, но и методи кои донесуваат најдобар ефект во деловните преговори. Во текот на овој период ќе бидете нетолерантни, затоа што се прилично нестрпливи и подложни на провокации. Поведете сметка за трошоците.
Љубов – Фокусирани сте на себе, а партнерот како да не го приметувате. Пазете таквата ситуација да не се сврти против вас и да не ја доведете во прашање врската.
Здравје – Неоходен ви е одмор, но активен одмор.

ШКОРПИЈА (23.10 – 22.11)

Работа – Деловниот ризик може да се исплати, ако останете доследни во своите намери се додека Месечината е во вашиот знак, а тоа е краток период. Имате причина да верувате дека некоја ситуација ќе се реши поволно за вас, дури и ако е во прашање соработка со лице кое не ви е наклонето. Јупитер од дванаесеттото поле укажува на сосем сигурна протекција.
Љубов – Венера, владетелот на полето на емоции во Водолија, во почетокот на овој период се наоѓа во квадратот со Месечината, што е знак за притаен судир и напнатост. Водете сметка да не долевате масло на огнот.
Здравје – Обрнете внимание на подобра здравствена превентива.

СТРЕЛЕЦ (23.11 – 21.12)

Работа – Не сте многу организирани, дури и ако работите работи кои другите ги одбиваат. Заостанувате со рокови, затоа што прилично комотно се однесувате. Јупитер е добро поставен кон Сатурн, но тоа не значи дека работите ќе се завршат сами од себе, туку дека нема да има препреки.
Љубов – Меркур, владетелот во полето на емоциите, со ретроградно движење укажува на потребата да ги преиспитате случувањата чии последици сега ги согледувате и за се добро да размислите пред да донесете одлука.
Здравје – Не дозволувајте да ви ги реметат расположението и концентрацијата.

ЈАРЕЦ (22.12 – 20.1)

Работа – Следете ја логиката затоа што Меркур, планетата која со неа управува, се наоѓа во вашиот знак. Но, затоа што е ретрограден, случувањата гледајте ги како да се во огледалото. Важно е да ги одвоите деловните од приватните интереси како би ги спречиле дополнителни компликации. На работа ви е прилично напорно затоа што многумина се обидуваат да влијаат на вас.
Љубов – Стално осмислувате нов начин на делување врз блиската личност и не отстапувате лесно од своите идеи. Сепак, би било добро да поведете сметка за секој потег, затоа што непромисленото однесување може да ве врати назад.
Здравје – Повеќе шетајте, излегувајте, занимавајте се со спорт…

ВОДОЛИЈА (21.1 – 19.2)

Работа – Многу сте амбициозни, но неорганизирани, што е една од работите на кои сугерира Венера додека се наоѓа во вашиот знак. Не заморувајте се на оние кои едвај чекаат непријатно да ви одговорат, а веројатно станува збор за лице со кое порано сте се замериле. Бидејќи е Меркур во дванаесеттото поле, најдобро е со сите да имате смирена комуникација.
Љубов – Венера во вашиот знак го диктира темпото во кое партнерот би требало да се вклопи. Прашањето е само дали такво темпо му одговара, или тоа го доживува како присилба што може лоше да влијае на врската.
Здравје – Добро се чувствувате.

РИБИ (20.2 – 20.3)

Работа – Марс непромислено ве тера напред. Премногу очекувате од оние кои немаат искуство во работата, или се преправаат дека неможат да ви бидат достојна замена за да направите се сами и така да превземете одговорност.
Љубов – Полето на партнерства е оптеретено со ретрограден од на Меркур, владетелот на знакот. Прашањето е дали имате можност за избор и добра замена како привремена отстапнина, додека не помине ретроградноста.
Здравје – Повеќе одмарајте се и рекреирајте.