Бразилската полиција соопшти дека во градот Олимпија на југоистокот на земјата во немири заради, како што наведуваат, освета за убиство на електричар, биле запалени 15 автобуси, седум автомобили и два камиона.
Во електричарот стрелал полицаец кој не бил на должност, информираат од полицијата, додавајќи дека во Олимпија никој не е повреден и дека засега никој не е уапсен, пренесува АП.
Електричарот бил застрелан после расправија во локален ноќен клуб.







