Никола Груевски им „реферираше“ на аеродромци

Инцидент се случи на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром откако, додека лидерот на партијата Никола Груевски пред поддржувачите ги промовираше проектите на партијата, маж извика „Шутка не ти бега Никола“.

Постапката предизвика реакција меѓу насобраните членови и симпатизери на владеачката партија но, за среќа, полицијата интервенираше навреме и го отстрани лицето од собирот.

Никола Груевски пред присутните зборуваше за плановите доколку го добијат мандатот, а се осврна и на, како што рече, обидите на Заев да ја федерализира Македонија.

„Зоран Заев е дел од многу големо сценаријо со закрвување, слабеење и редефинирање на државата“, обвини Груевски.

Тој не заборави да го спомене и СЈО. Специјалното обвинителство го обвини дека е продолжена рака на СДСМ и дека работи исклучиво по наредба на Заев.