Никола Љушев заминува од ВИП

Директорот на телекомуникацискиот оператор ВИП, Никола Љушев си заминува од компанијата, а на негово место доаѓа Димитар Ковачевски, досегашен директор во Телеком.

Љушев одлучил да ја напушти функцијата од лични причини, се наведува во соопштението од ВИП.

Досегашниот прв човек на ВИП во изјава за Дојче Веле потврдува дека го напушта директорското место.

Причините за смената во ВИП во моментов се во доменот на шпекулациите.

Според информации Дојче Веле, заминувањето на Љушев се должело, наводно, заради „протекување“ на информации од фирмата кон Специјалното јавно обвинителство.

Љушев, истакнуваат од Дојче Веле повикувајќи се на нивни извори, одбивал соработка со специјалните обвинители во рамки на истрагата „Таргет“, но дека клучните работи стасале во СЈО и дека сето ова не е ништо друго туку дека е казна поради неуспехот да го контролира протокот на информации.