Холивудската актерка Никол Кидман подготвува автобиогравска книга во која ќе открие многу детали од приватниот живот, а неколку поглавја ќе посвети на поранешниот сопруг Том Круз, пренесуваат светски медиуми.
Имено, Кидман најмила професионален писател кои ќе ги среди нејзините белешки за автобиографијата, а во книгата планира да ги открие причините поради кои се разведе од Том Круз.
Освен тоа, актерката ќе пишува и за актуелниот сопруг Кит Урбан, кој со години водеше борба со алкохолот и дрогата.

„Таа смета дека е време да ги открие тајните кои ги интересираат нејзините фанови, а тоа е многу необично затоа што Никол е позната како личност која ја чува својата приватност“, изјавил пријател близок на актерката.
Инаку, Никол Кидман и Том Круз беа во брак 11 години, а после разводот двајцата пронајдоа среќа крај други партнери.
Некогашната двојка има две посвоени деца.
