Нико Розберг е нов шампион во Формула 1

Возачот на „Мерцедес“ Нико Розберг ја освои денес својата прва шампионска титула во Формула 1.

Розберг го освои второто место во последната трка во шампионатот, за Големата награда на Абу Даби, зад клубскиот колега Луис хамилтон.

Розберг и Хамилтон се бореа за шампионската титула, а до пред стартот Германецот имаше 12 бодови предност.

Тој оваа сезона оствари девет победи, а Хамилтон, кој не успеа да ја одбрани титулата, оваа сезона има 10 победи.

Розберг не заврши една трка во шампионатот, а Хамилтон две.

EMIRATES GRAND PRIX F1/2010 - ABU DHABI 14/11/2010

Хамилтон денес водеше од почетокот до крајот на трката, ја оствари 53 победа во кариерата, но тоа не беше доволно за четвртата шампионска титула, затоа што сезоната ја заврши со пет бодови заостанување.

Третото место во денешната трка го освои возачот на „Ферари“, Себастијан фетел.

Четврти беше Макс Верстапен од „Ред Бул“, а петти неговиот клубски колега Даниел Рилардо.

Возачот на „Ферари“, Кими Раиконен го завзеде шестото место, а седми и осми беа Нико Хулкенберг и Серхио Перес од „Форс Индија“.

Возачот на „Вилијамс“ Фелипе Маса на целта стигна девети, во својата последна трка во кариерата, а бод освои Фернандо Алонсо од „Мекларен“.

rosenberg-111

Розберг сезоната ја заврши со 385 бодови, а Хамилтон со 380.

Поредокот на возачите и конструкторите во денешната, последна трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Абу Даби:

1.Луис Хамилтон („Мерцедес“) еден час, 38 минути, четири секунди, 013
2.Нико Розберг („Мерцедес“) +0,439
3.Себастијан Фетел („Ферари“) +0,843
4.Макс Верстапен („Ред Бул“) +1,685
5.Даниел Рикардо („Ред Бул“) +5,315
6.Кими Раиконен („Ферари“) +18,816
7.Нико Хулкенберг („Форс Индија“) +50,114
8.Серхио Перес („Форс Индија“) +58,776
9.Фелипе маса („Вилијамс“) +59,436
10. Фернандо Алонсо („Мекларен“) +59,896

Трката не ја завршија: Кевин Магнусен („Рено“), Валтери Ботас („Вилијамс“), Џенсон Батон („Мекларен“), Даниел Квајт („Торо Росо“), Карлос Саинц помладиот („Торо Росо“)