Овогодишен добитник на Нобеловата награда за литература е Французинката Ани Ерно.
Како што е образложено, наградата годинава и се доделува на Ерно, поради храброста и острината со која ги открива корените, отуѓувањата и колективните ограничувања на личното сеќавање.
Еден од главните фаворити за оваа награда беше Салман Ружди, писател роден во Индија, кој е голем поддржувач на слободата на говорот. Ружди помина години криејќи се откако иранските свештенички владетели повикаа на негова смрт поради романот „Сатански стихови“ од 1988 година. Во август, писателот беше тешко повреден откако беше избоден со нож на фестивал во Њујорк.
Фаворити оваа година беа и кенискиот писател Нгуги Ва Тионго, Харуки Мураками од Јапонија, Јон Фосе од Норвешка, Јамајка Кинкаид од Антигва.
Минатогодишната награда му припадна на писателот роден во Танзанија, Абдулразак Гурнау, чии романи го истражуваат влијанието на миграцијата врз поединците и општествата.
Неделата на објавување на Нобеловата награда почна во понеделникот, кога шведскиот научник Сванте Пеба ја доби наградата за медицина за откривање на тајните на „неандерталска“ ДНК, што обезбеди клучни сознанија за нашиот имунолошки систем.
Наградата ја доделува Шведската академија на науките, а на добитникот му следува и паричен износ од нешто повеќе од 1.000.000 евра.