Нобел за премиерот на Етиопија

Нобеловата награда за мир за 2019 година ја доби премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, заради неговите заложби за постигнување мир со Еритреја.

Во образложението на Шведската кралска академија се наведува дека Нобел му се доделува на Ахмед за неговите напори за постигнување мир и меѓународна соработка, посебно заради неговата одлучна иницијатива да се реши пограничниот конфликт со соседната Еритреја.

Етиопија и Еритреја ги обновија односите во јули 2018 година, после повеќегодишни судири.

Наградата вредна 900.000 долари ќе биде врачена на 10 декември во Осло.

Инаку, Нобеловата награда за мир годинава се доделува по јубилеен 100 пат.