Нова адидас-колекција на облека и обувки во соработка со Бијонсе

LinkSense.mk

Пејачката Бијонсе ја најави својата нова соработка и креативно партнерство со Адидас. Се работи за колекција облека и обувки со потписот на поп-ѕвездата.
Бијонсе планира и повторно да ја активира својата линија спортска облека „Ајви парк”, исто така под брендот Адидас.

„Со компанијата Адидас делиме иста филозофија на работа, која ги става креативноста, порастот и општествената одговорност на прво место, нагласи таа.

Притоа, таа оваа соработка ја нарече „партнерство за цел живот”.