Nike официјално ја претстави луксузната женска патика Nike x Swarovski Air Jordan 1 Low OG, која ќе биде достапна од 17 мај. Овие ексклузивни патики се украсени со Swarovski кристали, а нивната цена е дури 1000 долари. Ќе се продава во женски големини преку апликацијата Nike SNKRS и во одредени трговци на мало, со специјално пакување. Моделот доаѓа во т.н. Стелт (незабележлива) сиво-црна комбинација на бои, инспирирана од легендарниот дизајн „Сенка“.
Горниот дел на патиката е целосно покриен со Swarovski кристали, додека препознатливото лого на Nike (Swoosh) и петицата се изработени од сив брусен велур. Црните детали и сребреното Џордан лого со крилја на петицата дополнително го истакнуваат гламурозниот изглед.
Секој пар доаѓа со: детални упатства за нега, кошаркарски привезок со кристали и луксузно пакување специјално дизајнирано за оваа колекција. Самбата и официјално е симната од тронот, а овие патики ја заменија Патиките пристигнуваат во пар со модна колекција облека, а до крајот на годината се планира и лансирање на моделот Swarovski x Air Jordan 1 High OG. Брендот Swarovski, познат по изработката на прецизно исечени кристали и луксузен накит, претходно соработуваше со Nike и брендот Jordan, а овој модел е продолжение на таа успешна модна приказна.
Фото: VP / Alamy / Profimedia







