Нови протести во Чиле: Огнови на улиците, искршени излози…

Во Чиле денеска избија нови протести и напади на продавници, и покрај тоа што претседателот Себастијан Пинер замени осум клучни министри, обидувајќи се да обезбеди поголема еднаквост и подобри социјални услови во земјата.

Илјадници демонстранти се собраа во центарот на престолнината Сантијаго.

Една група протестанти запали зграда во која се сместени продавници и ресторан за брза храна, додека други нападнаа аптека.

Демонстрантите се обидоа да запалат станица од подземната железница.

Во исто време, стотици илјади луѓе се обидоа да се вратат дома од работа со бесплатните автобуси кои беа испратени за да ги заменат возовите кои не сообраќаа, откако десетина станици беа запалени во протестите минатата недела, пренесува АП.

На поголемите раскрсници беа запалени огнови, повеќе десетици излози беа искршени и беа испишани графити против Пинеро, во кои се повикува на револуција.

Пинеро претходно ги замени министрите за внатрешни работи, финансии, економија, за труд и уште четири ресори со млади и центристички ориентирани луѓе.

Неговата влада, меѓутоа, денеска не ги објави мерките кои се бараат во двонеделните протести поради лошите социјални услуги и високите трошоци за живот во една од најпросперитетните и помодерни држави на Јужна Америка.

(Фото: АП)