Броевите имаат различни ефекти врз нашите животи. Понекогаш бројот ни носи среќа, а понекогаш бројот ни носи несреќа.
Секоја година има свој специфичен број, а односот помеѓу тој број и вашиот број, според верувањето и нумерологијата, може да одреди извесен исход.
Бројот на годината во 2024 година е – осум.
Дали во животот на една личност ќе се случат добри или лоши настани во текот на 2024 година, зависи од тоа како бројот осум е поврзан со неговиот основен број. Но, бидејќи броевите 2 и 4 придонесуваат за формирање на бројот 8 во 2024 година, осумката, покрај својата основна природа, поради комбинацијата на потеклото има и други повеќекратни ефекти на секој од нас.
Нумеролошки предвидувања за Нова 2024 година
Како што е веќе речено, бројот на 2024-та е бројот осум, затоа што збирот на цифрите од оваа година е – „8“ (2+0+2+4=8). Според Нумеролошкиот хороскоп за 2024 година, бројот 8 е бројот на Сатурн. Меѓутоа, со оглед на тоа дека е формиран од броевите 2 и 4 кои се склони кон флуктуации – овој број 8 не се смета за многу енергетски.
Тоа значи дека, иако бројот 8 е фактор на стабилност, комбинацијата со два Месечеви броеви и еден Раху број укажува на крајната стабилност на годината, но после подеми и падови.
Многу е можно дека не очекуваат турбулентни промени во различни сектори во текот на оваа година, што повторно укажува дека 2024 година би можела да биде и – емотивно исцрпувачка.
Со цел подобро да се разбере кој број што значи за секој поединец пооделно, следат значењата на трите доминантни броеви во 2024 година.
Што значи нумеролошкиот број 2?
Доблести
Тоа се луѓе кои сакаат мир, многу се чувствителни и срамежливи. Луѓето под влијание на бројот два знаат што чувствуваат другите, трпеливи се и многу друштвени лица. Работат добро во групи и добро се снаоѓаат во различни општества. Знаат да ги задржат своите мисли за себе.
Маани и недостатоци
Тие се лесно ранливи луѓе. Понекогаш знаат да бидат огорчени и лути. Знаат да бидат осветољубиви кога некој ќе им згреши. Сето тоа може да ги одведе на пшогрешен пат.
Работа
Добро им одат организацијата и дипломатијата. За својата работа често не ја добиваат вистинската заслуга. Имаат талент и интелигенција за голем успех.
Здравје
Овие луѓе може да имаат проблем со варењето, може да страдаат и од дијабетес или астма. Имаат и лоша циркулација, што може да ги доведе до анемија и слабо срце. Бидејќи тие се многу немирни луѓе, тоа може да им прави ментални грижи и несоница.
Љубов
Лицата со број два во љубовта избираат покорни партнери, кои се тивки и кои ќе ги одобруваат сите нивни одлуки. На бројот 2 најмногу му одговараат броевите 2, 4 и 8, со 3 и 6 лесно се согласува, а со бројот 9 се разликува во мислењата. Со 1, 5 и 7 никако не се согласуваат.
Нумерологија за бројот 4
Доблести
Луѓето со број четири се одлучни, со силни идеи, чесни и праведни. Не сакаат нечесност и неправда, упорни се и искрени. Ова се лојални луѓе кои сакаат да работат со други. Храбри се и исклучително внимателни, секогаш на земја, никогаш не се вообразени.
Маани и Недостатоци
Нивните лоши особини се тоа што знаат да бидат тврдоглави, крути или премногу сериозни. Се држат до своите планови додека не ги остварат, што знае да потрае, а притоа да пропуштат други можности во работата и љубовта. Веруваат дека имаат се под контрола, не знаат да се опуштат и големите идеи да ги задржат за себе.
Работа
Луѓето под влијание на бројот четири се многу сериозни работници, а нивниот потенцијал за успех е добар во области како што се банкарството, сметководството, организацијата, науката и правото. Која работа и да ја изберат, се истакнуваат во неа.
Здравје
Добра физичка сила и издржливост. Може да имаат проблеми со колената и стапалата. Понекогаш знаат да бидат депресивни или да ги совлада замор.
Љубов
Не се многу романтични личности, но секогаш ќе му помогнат на партнерот доколку им треба помош. Најдобро се согласуваат со броевите 2, 4 и 8. Со броевите 6 и 7 се согласуваат, но и се разликуваат во мислењата, додека броевите 1, 3, 5 и 9 се прилично предизвикувачки за врска. Најлоши партнери се со самите себе, односно со бројот 4.
Нумерологија за бројот 8
Доблести
Луѓето со број 8 се инспирација за другите луѓе, влијателни се, амбициозни, креативни и толерантни. Тие се урамнотежени, силни, успешни и реални, не се мечтаат. Способни се, ефикасни и можат добро да проценат нечиј карактер. Тие се многу успешни луѓе, не сакаат лицемерие и не ги поднесуваат оние кои не знаат како да се однесуваат или сакаат да озборуваат. Се ќе направат за своето семејство и пријателите.
Недостатоци
Нивните лоши страни се што можат да бидат сурови, бесчувствителни, насилни и алчни. Тие се тврдоглави, нетрпеливи и арогантни луѓе. Нетактични лица кои сакаат да командуваат, алчни се и супериорни. Тие се родени со овие лоши особини. Нив ги привлекува финансискиот успех.
Работа
Луѓето под влијание на бројот осум се способни за работи како што се инвеститор, претприемач, менаџер, научник, политичар, финансиски експерт… Подготвени се напорно да работат, имаат силни амбиции и желба за успех, мотивирани се, вешти и чесни.
Здравје
Може да страдаат од нервоза и да имаат проблеми со нервите, забите и ушите. Често се депресивни, па им се препорачува одмор каде што ќе можат да се опуштат и да се оддалечат од проблемите.
Љубов
Осмиците се урамнотежени во љубовта и не сакаат бурни љубовни приказни. Сакаат мир и спокојство, повеќе се фокусирани на работата отколку на љубовта. Најдобро се согласуваат со броевите 2, 4, 8 и 6. Со броевите 1, 5, 3, 7 и 9 не се согласуваат во љубовта, но можат да бидат добри пријатели.
(Извор: Она.рс)