Обуки за крушевските советници за зајакнување на општинските совети

Во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ наредниов викенд продолжуваат обуките за членовите на советот на општина Крушево. Обуките ги продолжуваат девет советници во крушевскиот совет и ќе бидат на тема: „Финансиска контрола и ревизија“.

Обуките повторно започна да се спроведуваат минатиот викенд по неколкумесечната пауза поради кризата со коронавирусот.

Обуките се дел од Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со министерствата за локална самоуправа и зa  финансии, со Заедницата на единиците на локалната самоуправа, со Здружението на финансиски работници и со „UN Women/