Ова е новиот Галакси С8

Самсунг ги претстави Галакси С8 и С8+, своите два нови смартфони.

Достапни се во модели со дијагонала од 5,8 инчи (Галакси С8) и 6,2 инчи (Галакси С8+). Имаат стакло „Горила Глас 5“ и на предната и на задната страна. Опремени се со камери од 8 МП Ф 1.7 со автоматско зумирање од предната страна и Дуал Пиксел камера од 12 МП Ф 1.7 од задната страна.

samsung

Ова се први телефони со премиум ХДР функција, нудат широка палета на биометриско технологии, вклучувајќи сензор за отпечаток од прст, скенер за рожницата на окото и можност за препознавање на лицето, така што корисниците можат да одберат сигурен биометриски метод за идентификација кој ним најповеќе им одговара.

Има Бриксби интелигентен интерфејс кој ќе им помогне на корисниците да добијат уште повеќе од својот телефон. Со новиот Бриксби тастер, ќе можете лесно да пристапите кон Бриксби сервисите и апликациите со едноставни гласовни команди, допир, визуелни или текстуални команди.