Одбојкарите на Русија ја освоија Лига на нациите

LinkSense.mk

Одбојкарската репрезентација на Русија ја освои Лига на нациите, откако во финалето во Лил го победи домаќинот Франција со 3:0 во сетови.

Русија до триумфот дојде по час и половина игра, по сетови 25:22, 25:20 и 25:23.

Франција иако благ фаворит на овој меч, не успеа да ја запре Русија која токму во финалето ја пружи една од најдобрите игри на завршниот турнир.

Најефикасен во победничката екипа беше Максим Михајлов со 19 поени, додека седум помалку запиша Дмитриј Мусерки.

Во екипата на Франција се истакна Ервин Нгапе со 16 поени, додека Кевин Ле Ру постигна осум.

Третото место го освои репрезентацијата на САД која со 3:0 го победи Бразил.

За најдобар играч во Лига на нациите е прогласен Максим Михајлов кому му припадна наградата од 30.000 евра.