Одземени медалите на Лебедова и Абакумова од ОИ во Пекинг

LinkSense.mk

Руските атлетичарки Татјана Лебедова и Марија Абакумoва останаа без медалите од Олимписките игри во 2008 година во Пекинг заради допинг, откако Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана ги отфрли нивните жалби како неосновани.

ЦАС така ја потврди одлуката на Меѓународниот олимписки комитет од 216 година за дисквалификација на Лебедова и Абакумова, како и на нивната сонародничка велосипедистката Екатерина Гниденко.

Тие се казнети затоа што после повтореното тестирање во нивните допинг примероци од Олимписките игри е пронајден анаболитичкиот стероид „туринабол“.

Лебедева во 2008 година во Пекинг освои сребрени медали во скок во далечина и во троскок, а Абакумова освои сребро во натпреварувањето во фрлање копје.

Гниденко на Олимписките огри во Лондон во 2012 година го завзеде осмото место.

Сите три руски натпреварувачки во мај годинава беа на сослушување во Лозана и не успеаја да докажат дека методите на антидопинг тестирањата не биле научно валидни, наведоа во одлуката од Судот за спортска арбитража.