ОДЛОЖЕНИ ПРЕМИЕРИ: Филмовите не секогаш се прикажуваат веднаш

LinkSense.mk

Има многу причини зошто се поместува датумот на прикажување на филмот, без разлика дали се работи за судир околу договори, авторски права или нешто друго, а тоа понекогаш може да потрае и со години.

Снимањето филм подразбира многу индивидуални работи кои мораат да појдат како што треба за тој да биде подготвен за прикажување и продукцијата конечно да биде завршена.

Моментно, главната причина за одложувањето на многу филмови и серии е здружениот штрајк на сценаристите и актерите во Холивуд, а имајќи го ова на ум, потсетуваме на филмовите чие прикажување се одолговлекува со години.

„Кратенка за среќа“ (2007) – 6 години (Shortcut to Happiness)

Првиот обид на Алек Болдвин да биде режисер не помина баш најдобро, бидејќи поради финансиски проблеми филмот доцни цели 6 години.

Кога се се среди, Болдвин дури реши целосно да се одвои од филмот, па во еден момент го тргна своето име од местото – режисер, и им порача на фановите да не го гледаат.

„Земи ме дома вечерва“ (2011) – 4 години (Take Me Home Tonight)

Бидејќи филмот е „сместен“ во 80-тите, авторите сакале тој да биде што е можно поавтентичен, па забавите вклучиле многу сцени со употреба на кокаин.

Тоа баш и не им се допадна на студијата и затоа остана необјавен 4 години.

„Камп Хил“ (2010) – 3 години (Camp Hell)

Лажното рекламирање и претставување на филмот може да биде многу проблематично, а тоа беше случај со овој филм и со Џеси Ајзенберг.

Иако сними само неколку сцени како услуга за пријателите кои снимаа нискобуџетен филм, тие решија да го стават во преден план во промоцијата и тоа на крајот доведе до тужба од негова страна.

„Маргарет“ (2011) – 6 години (Margaret)

Конфликт меѓу режисер и продуцент секако е нешто што може да биде проблем за објавувањето на филмот, а Кенет Лонерган и Гари Жилберт шест години се караа за буџетот.

Жилберт го финансираше филмот, но не му се допадна продолжувањето на постпродукцијата и зголемените трошоци во однос на планираните, така што во овој судир на крајот медијатори беа познати личности како Мартин Скорсезе.

„Џет пилоти“ (1957) – 8 години (Jet Pilots)

Ретко се случува одлагањето на филмот да доведе до тоа неговата содржина да стане застарена, но тоа беше случај со оваа романса од Студената војна со Џон Вејн и Џенет Ли во главните улоги.

Снимањето почна во 1949 година, а кога филмот излезе во 1957 година, најмодерните борбени авиони станаа веќе застарени и тоа ја намали дозата на автентичност.

„Другата страна на ветрот“ (2018) – 48 години (The Other Side of the Wind)

Неверојатно е дека е во прашање филм на Орсон Велс, кој почина 15 години после почетокот на снимањето, а дека е објавен дури во 2018 година на Нетфликс.

Сето ова се случи благодарение на Френк Маршал, продуцентот на филмот, кој ја ценеше работата со Велс и сакаше неговата визија да ја види светлината на денот.

„Случајна љубов“ (2015) – 7 години (Accidental Love)

Премногу старински романтични делови и премногу сулуди комични делови од овој филм доведоа до тоа да, и покрај одличната актерска екипа, снимањето биде пекол и продукцијата да се одолговлече.

Дури и, откако филмот успеа да доживее прикажување, многумина рекоа дека било подобро тоа да не се случило, затоа што во прашање било нешто што само им го поарчило времето на сите вклучени во продукцијата, а и на сите оние кои се осмелиле да го гледаат.