Од денеска во Бугарија се отфрла „зелениот сертификат“

LinkSense.mk

Од 21 март е отфрлен условот за „зелен сертификат” за сите активности и настани во Бугарија, досега ограничен, јави дописникот на МИА од Софија.

Од истиот датум, наставата на универзитетите ќе се спроведува со физичко просуство според распоред, бидејќи не се дозволени симултани практични или семинарски вежби на повеќе од 50% од групите, а нема да се дозволи мешање на групи.

Предавањата ќе се одржуваат со 50% исполнетост на салите.

И покрај укинувњето на зелениот сертификат, останува условот за редовно проветрување, дезинфекција и носење заштитни маски од страна на учениците и наставниците.