Охрид осветлен во сино по повод Светскиот ден на лицата со аутизам

Повеќе значајни историски споменици и објекти како и згради на институции во Охрид осамнаа во сина илуминација во сино во знак на поддршка на лицата со аутизам.

Светот денес го одбележува 2 Април – Меѓународниот ден на лицата со аутизам. Илјадници културни обележја, згради, домови и заедници ширум светот ќе бидат осветлени сино, испраќајки силна порака за поддршка на лицата со аутизам и нивните семејства.

Ќе се одржат настани и едукативни активности со цел да се зголеми разбирањето и прифаќањето на лицата со аутизам, да се поттикне поддршката и да се мотивираат поединци и институции во креирање на пољубезен и поинклузивен свет за сите.

Акцијата за освлетување на Охрид во сино е на Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, Лајонс клубот „Лихнидос“ и компанијата „ПАП“ од Охрид.