Пад на доларот на девизните пазари

LinkSense.mk

На девизните пазари вредноста на доларот кон девизната кошничка благо падна, откако минатата недела порасна за речиси 1,00 отсто и достигна највисоко ниво во 16 месеци.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на останатите шест најважни светски девизи, се движи околу 95.02 поени, додека во петок на затварањето на пазарот изнесуваше 95.11 поени.

Притоа, курсот на доларот кон јапонската валута се намали од 113.90 на 113.85 јени. Американската валута ослаби и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1.1455 долари, додека во петокот на затворањето на пазарот изнесуваше 1.1445 долари.

Цените на нафтата, пак, дополнително ослабеа, после падот три недели по ред.

На лондондкиот пазар цената на барел утринава ослабе за 0.86 отсто, на 81.46 долари, додека на американскиот пазар барелот поефтини за 0.79 отсто, и сега чини 80.15 долари.

На повеќето азиски берзи цените на акциите денеска пораснаа, после низа важни показатели од најголемите економии во светот.

МСЦИ индексот на азиско-пацифистичките акции, без јапонските, околу 7 часот беше во плус за 0.3 отсто.

Притоа, на Токиската берза Никеи индексот зајакна за 0.5 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја пораснаа за 0.3 и 1 отсто. Во Хонг Конг и Шангај, пак, паднаа за околу 0.1 отсто.

Никеи индексот зајакна затоа што вложувачите се надеваат на новите потенцијални мерки, откако беше објавено деја јапонскиот бруто домашен производ во третото тримесечје падна за 3 отсто на годишно ниво, значително повеќе отколку што очекуваа аналитичарите.

И на повеќето останати азиски берзи цените на акциите пораснаа, а вложувачите ги охрабрија добрите показатели од Кина, кои ги ублажија стравувањата од острото забавување на заздравувањето на втората по големина светска економија.

Во октомври, имено, прометот во трговијата на мало порасна за 4.9 отсто во однос на истиот месец минатата година, повеќе отколку што се очекуваше, што укажува на силна домашна побарувачка. И податоците за порастот на индустриското производство се подобри отколку што се очекуваше.

Меѓутоа, на кинеските берзи цените на акциите утринава благо паднаа, најповеќе заради притисокот на секторот за невижности.

Последните седмици тој сектор е под притисок заради големите долгови на компаниите во тој сектор и забавувањето на продажбата, а утринава е објавено дека цените на новите станови во Кина во октомври паднале за 0.2 отсто во однос на претходниот месец, што е нивни најголем пад од февруари 2015 година.

Сепак, кинеските пазари значително не паднаа затоа што вложувачите веруваат дека тамошната централна банка дополнително ќе ја олабави монетарната политика, ако заздравувањето на економијата забави заради короната.