Американскиот режисер Мартин Скорсезе денес после прикажувањето во Рим на неговиот нов филм „Молчење“ („Silence“), за прогонот на христијаните во Јапонија во 17 век ќе биде примен во Ватикан од папата Фрањо.
Филмот „Молчење“ е адаптација на романот на Шјусаку Енд и зборува за двајца езуитски мисионери кои бараат свој ментор во јапонија во 17 век, во време кога биле прогонувани христијаните.
Во главните улоги се Ендру Гарфилд, Адам Драјвер и Лијам Нисон.
Работата на филмот го интересира папата Фрањо кој, како момче, им се придружил на езуитите со надеж дека ќе стане мисионер во Јапонија.
Тој поради лошото здравје не успеал да замине во Јапонија, а често зборувал за поранешните и сегашните маченици на црквата.
Филмот вечерва премиерно ќе се прикажува за езуитските свештеници во Ватикан.
Ватикан соопшти дека папата Фрањо ќе го прими Скорсезе веднаш по проекцијата на филмот во Апостолската палата, пред општиот прием.
Папата досега се сретнал со неколку холивидски ѕвезди, вклучувајќи ги Анџелина Џоли и Леонардо ди Каприо.