Фудбалскиот сојуз на Бугарија денес соопшти дека нов селектор на репрезентацијата е Петар Хубчев.
Извршниот одбор на бугарскиот фудбалски сојуз едногласно одлучи Хубчев на клупата на националната селекција да го замени Ивајло Петев кој, според наводите во некои медиуми, би требало да го превземе загребски Динамо.
Хубчев ќе ја предводи Бугарија до крајот на квалификациите за Светското првенство во 2018 година.
Неговото деби е на 7 октомври на натпреварот против Франција, а три дена подоцна го очекува натпревар против Шведска.
Бугарија ги почна квалификациите за Светското првенство во Русија со тешка победа против Луксембург од 4:3.