Петков: Мораме да исполниме поголем дел од задачите

LinkSense.mk

Мораме да го исполниме поголемиот дел од задачите што не се завршени, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред денешниот состанок на Советот на министри, коментирајќи ги односите на Бугарија со Република Северна Македонија.

Петков, како што пренесува БТА, потврдил дека во вторник на 25 јануари ќе биде одржана заедничка владина седница на Бугарија и Северна Македонија во Софија.

– Имаме можност да направиме нешто што не е направено во последните 30 години. Нема да губиме ниту минута за да ги претвориме овие ставови во вистински резултати, изјави Петков.

Како важна тема, Петков го повтори транспортното поврзување меѓу двете земји, наведувајќи ја потребата од брза железничка врска меѓу Софија и Скопје, како и директна авиолинија меѓу двата главни града.

– Ќе направиме вистински план со реални достигнувања што треба да се постигнат во следните шест месеци, додаде Петков.

 

МИА