Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија неколку луѓе се случи денес утринава во јужна Унгарија, кога камион удри во воз и го исфрли од шините, соопшти тамошната полиција.
Бројот на загинати во несреќата се уште не е точно утврден.
„Спасувачките екипи работат на местото на несреќата. Извлекувањето на луѓето е во тек, така што не можеме да кажеме точно колку загинале и колку точно се потечко и полесно повредени“, изјави портпаролот на полицијата.
Несреќата се случи на преминот Миндшент во близина на унгарско-српската граница нешто пред седум часот по средноевропско време.
Од судирот возот излетал од шините и паднал во канал.