Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Поетско читање по повод 100 години од раѓањето на Славко Јаневски
Култура

Поетско читање по повод 100 години од раѓањето на Славко Јаневски

јануари 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По повод еден век од раѓањето на Славко Јаневски, Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности што го носи неговото име вечер од 19:30 часот во Културноинформативниот центар ќе организира поетско читање насловено „Произведувачи на зборот“.

Со свои песни и творби ќе настапат 15-тина поети, меѓу кои Зоран Анчевски, Николина Андова-Шопова, Јовица Ивановски, Ана Голејшка, Ненад Јолдески, Билјана Стојановска, Ѓоко Здравевски, Владимир Лукаш, Милован Стефановски.

Стихови од Јаневски ќе читаат актерите Ана Костовска и Владимир Петровиќ, а во музичката програма ќе учествуваат Полина Тасева (вокал) и Иван Петровски (гитара).

Претходно, во 19 часот, делегација на Фондацијата „Славко Јаневски“ ќе положи цвеќе на неговиот споменик во паркот „Жена борец“.

Во 2020 година се навршуваат сто години од раѓањето и 20 години од смртта на Славко Јаневски (Скопје, 11 јануари 1920 – Скопје, 20 јануари 2000) – раскажувач, романописец, поет, филмски сценарист, есеист и сликар.

Припаѓа на првата, повоена генерација македонски писатели, која ги поставила темелите на современата македонска книжевност. Бил член на МАНУ и на Друштвото на писателите на Македонија.

Неговиот роман „Село зад седумте јасени“ од 1952 година е првиот роман објавен на стандарден македонски јазик, иако постои дилема дека прв македонски роман е, всушност, „Улица“ – првото прозно дело на Јаневски од 1950 година, кое во нашата историја на литература се смета за повест.

За прашањето каков вид проза е „Улица“, Фондацијата „Славко Јаневски“ во октомври минатата година организираше и тркалезна маса со учество на професори, книжевни критичари, писатели и поети.

поетско славко јаневски читање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.