Пожар во возило во центарот на Тетово

Нема повредени во пожарот во возило, што се случи ноќеска во центарот на Тетово. Огнот е изгаснат од тетовските пожарникари.

-Околу 22 часот и 50 минути, на улица „Маршал Тито“ во Тетово избувнал пожар во патничко моторно возило „БМВ“ со странски регистарски ознаки, што го управувал 25-годишниот А.О од тетовско Желино. Нема повредени, а со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица за кусо време бил изгаснат, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

По пожарот, увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.