Пожар во париското метро, најмалку осум повредени

Осум лица се потешко повредени во пожарот кој избувна во париската метро станица „Плас д’Итали“.

Очевидци изјавуваат дека се слушнала силна експлозија после што следел оган.

Противпожарни возила и возила на Итна медицинска помош и полиција се наоѓаат пред метрото.

Повредените се префрлени во болница.

Официјални лица од париското метро на Твитер профилот објавија информација само за тоа дека сообраќајот меѓу Бастиља и „Плас д’Итали“ е времено затворен поради огромно количество чад.