Пожар во рафинерија во Италија, нема повредени

LinkSense.mk

Во една од најголемите рафинерии во Италија, јужно од Милано, избувна пожар, а локалните власти издаде наредба населението да не излегува од домовите.

Компанијата Ени во чија сопственост е рафинеријата Санкаро де Бургонди која се наоѓа во провинцијата Павија, соопшти дека во пожарот никој не е повреден.

Од компанијата ги демантираа првичните информации дека се случила експлозија, пренесува АП наведувајќи дека огнот после неколку часови е изгаснат.

Облак од црн чад можеше да се види од 10 километри оддалеченост од местото на пожарот, пренесува АНСА.

Причините за пожарот се испитуваат, информираа од компанијата Ени.