Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионален центар Запад денеска запленија 30 килограми свежа риба кај албански државјанин на стариот пат Охрид – Струга, во близина на местото викано „Сатеска“.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека рибата е пронајдена во авомобил „опел зафира“ со албански регистарски ознаки.
– При извршен преглед на патничко моторно возило „опел зафира“ со албански регистарски ознаки, управувано од Ј.А. (52), државјанин на Република Албанија, кај месноста Сатеска, во близина на Струга, беа пронајдени и запленети се 265 парчиња свежа риба, со вкупна тежина од околу 30 килограми. Рибата била сокриена во багажниот простор на возилото, изјави Димоски.
ИЗВОР: МИА