Полска се оградува од Белорусија

LinkSense.mk

Полска почна изградба на ограда на границата со Белорусија, соопшти Граничната стража на таа земја.

Почна изградбата на оградата на полско-белоруската граница. Градежните работи се веќе во тек“, се наведува во соопштението.

Меѓу другото, во него се напоменува дека должината на оградата ќе биде 186 километри, а цената околу 400 милиони долари.

Ова е најголемата инвестиција во историјата на Граничнатра стража“, се истакнува во соопштението.

Полска во екот на мигрантската криза одлучи да изгради заштитна структура на границата со Белорусија. Планирано е оградата да биде висока пет метри. Конструкцијата ќе биде опремена со камери за ноќно набљудување и снимање и со сензори за движења.

За изградба на оградата ќе се користи челик, а во неа предвидени се 22 капии кои треба да овозможат миграција на животни.

 

 

 

 

(Фото: АП)