ПОРАДИ ПОТРЕБАТА ОД ПОЕВТИНО ГОРИВО: Скокна продажбата на етанол во Франција

LinkSense.mk

Во Франција, продажбата на етанол се зголеми за 13 отсто во 2022 година, бидејќи граѓаните, во потрага по поевтино гориво, се свртеа кон бензин кој содржи дури 85 отсто етанол, објави Здружението на производители на етанол и алкохол (SNPAA).

Вкупната продажба на етанол достигна приближно 1,47 милиони кубни метри, во споредба со 1,30 милиони во 2021 година.

Потрошувачката на горивото Е85, биогориво кое содржи 85 отсто етанол и 15 отсто бензин, лани се зголеми за речиси 83 отсто, на 854.000 кубни метри.

Минатогодишниот успех е поврзан со зголемените стравови од војната во Украина, која предизвика скок на цените на горивото, како и фактот дека производителите на опрема за гориво успеаја да ја задоволат дополнителна побарувачка, објасни генералниот секретар на здружението Силван Демур.

Според неговите зборови, продажбата на горивото Е85 оваа година веројатно ќе се зголеми за дополнителни 25 отсто и ќе достигне осум отсто од пазарниот удел. За споредба, лани имаше учество од 6,5 отсто, а ви 2021 четири отсто.

Иако е потребен повеќе биоетанол за да се помине истото растојание, поради пониските даноци, предноста во цената е значителна и ги натера потрошувачите во Франција да се свртат кон автомобили со флексибилно гориво – кои можат да работат на бензин, етанол или мешавина од двете, или флекс-фул сетови за гориво што им овозможува на стандардните автомобили да работат на гориво со висок степен на етанол.

Горивото на база на етанол во Франција се добива од житарки или шеќерна репка.

E85 е најевтиниот бензин на францускиот пазар. Употребата на овој тип на гориво бара инсталирање на специјална опрема за прилагодување на моторот да работи на биогориво.

Цените на горивата пораснаа ширум светот минатата година, бидејќи цените на суровата нафта пораснаа, поттикнати од загриженоста заради намалени глобални резерви.