Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПОСЛЕ ЗЕМЈОТРЕСОТ: Во Турција без покрив над главата останаа 1,2 милиони луѓе
Во Фокусот

ПОСЛЕ ЗЕМЈОТРЕСОТ: Во Турција без покрив над главата останаа 1,2 милиони луѓе

февруари 14, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поради последици од разорните земјотреси, кои пред една недела го погодија турско-сириското гранично подрачје, без покрив над главата во југоисточниот дел на Турција останаа 1,2 милиони луѓе, соопштија вчеравечер од Кабинетот на турскиот претседател.

Се стравува дека досега веројатно од под урнатините се извлечени и последните преживеани.

Тринаесетгодишно момче вчера беше изнесено на носилки од урнатините во турската провинција Хатај, откако под нив поминало 182 часа, јави државната телевизија ТРТ.

На видеото што го објави телевизијата се гледа како волонтер го држи за рака.

Вчера, од рушевините на станбена зграда во јужната турска провинција Кахраманмарас, извлечено е и спасено десетгодишно девојче, 183 часа после разорниот земјотрес, јави телевизијата ТРТ Хабер.

А, во југоисточниот регион Адијаман, претходно, во рушевините беше пронајдено и извлечено шестгодишно девојче, 178 часа после земјотресот, објави турското Министерство за одбрана.

Вака долгото преживување на трите деца ги надмина сите вообичаени граници. Изгледите за понатамошни спасувања и преживувања се исклучително мали.

Преживеаните кои спасувачите ги пронајдоа во текот на вчерашниот ден имале пристап до вода, односно дождовница или снег.

Познато е дека човек без вода може да издржи околу 72 часа, после што животот му доаѓа во опасност.

Во меѓувреме, во најтешко погодените подрачја во Турција се подигнати 176.000 шатори. Агенцијата за катастрофи (АФАД) извести дека нивните работници поставиле повеќе илјади контејнери за домување.

Од подрачјата погодени од земјотресот досега се евакуирани речиси 400.000 луѓе, се наведува во информацијата добиена од претседателскиот кабинет.

Турската новинска агенција „Анадолија“ објави дека властите спроведуваат инспекции за да утврдат кои станбени згради во десетте од земјотресот погодени провинции се сеуште погодни за живеење.

„До вчера попладне, срушени се или мораа итно да бидат урнати повеќе од седум и пол илјади згради“, изјави Бану Аслан, директор на Одделот за градежништво.

Вкупниот број на потврдени смртни случаи досега е повеќе од 37.500, а над 80.000 луѓе се повредени.

Само во Турција бројот на загинати се искачи на 31.643, јавува „Анадолија“, повикувајќи се на АФАД.

Според податоците на Светската здравствена организација, најмалку 5.900 луѓе починале во соседна Сирија.

 

 

 

 

 

 

(Фото: Озан Косе – АФП)

актуелно земјотрес сирија турција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.