Почина Александар Џамбазов

LinkSense.mk

Денеска во Скопје почина маестро Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор. Веста за смртта на маестро Џамбазов ја објави неговиот син, актерот Игор Џамбазов.

„Си замина нашиот маестро, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години. Од денес, конечно со својата Анче.

Вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој“, напиша Игор на Инстаграм.