Почина Џорџ Мајл

LinkSense.mk

Легендарниот пеач Џорџ мајкл почина во 53 година, пренесе Би-Би-Си.

Како што наведе агентот на славниот музичар, Мајкл починал „мирно во својот дом“ не наведувајќи ја причината за смртта.

„Со голема тага и болка потврдуваме дека нашиот сакан син, брат и пријател Џорџ почина во својот дом за време на Божикните празници. Во овој тежок момент, на семејството најважно му е да ја сочува приватноста, кое нема повеќе да дава изјави на оваа тема“, стои во изјавата која ја објави агентот на пеачот.

dzordz-majkl

Од друга страна, полицијата на областа Оксфордшир потврди за Би-Би-Си дека Итната медицинска помош стигнала во домот на славниот пеач во еден час по локално време и констатирала дека немало сомнителни околности за смртта.

Георгис Киријакос Панајотоу, попознат како Џорџ Мајкл, беше англиски пеач, композитор и добитник на две Греми награди.

dzordz-majkl-3

Кариерата ја почна во групата „Wham“ која во текот на 80-тите го имаше големиот хит „ Wake Me up Before You Go Go“. После растурањето на бендот, Мајкл ја започна успешна соло кариера, а неговиот прв албум „ Faith“ беше продаден во повеќе од 20 милиони примероци.

Британскиот поп пеач засекогаш ќе остане запаметен по хитовите „ Careless Whisper“, „ Freedom“, „Father figure“,
но и по спотовите кои ги снимаше со најуспешните топ модели на денешницата.