Почнува „Десонанс 2019“

– Од денеска до 2 ноември на повеќе локации во Скопје ќе се одржува Фестивалот за современа музика и експериментална уметност „Десононанс“.

Фестивалот ќе биде отворен со мултимедијалниот перформанс „On Selfhood” и концерт на Шадах Туум (САД / Франција) во Кино Фросина (МКЦ).

Низ шесте фестивалски денови, програмата оваа година поврзува и обединува не само повеќе жанрови на уметност и стилови на музика, туку воспоставува и временски нишки низ историјата на експерименталната уметност и електронската музика од своите рани искри до денешницата, велат организаторите на „Десонанс 2019“.