Пратеник на ИД меѓу убиените во Северен Кавказ

Сирискиот пратеник од џихадистичката група Исламска држава (ДАЕШ) е еден од шесте терористи убиени во Република Ингушетија, во Северен Кавказ, соопштува рускиот антитерористички одбор.

Во антитерористичката акција нема загинати цивили, ниту припадници на специјалната полиција.

Припадниците на специјалните полициски сили ликвидираа четири терористи во градот Назран, а уште двајца во Газа-Јурта. Според првичните информации, пратеникот на ДАЕШ, Забајри Саутјев, којшто стигнал од Русија за да ги продолжи терористичките активности во земјата, е еден од неутрализираните криминалци, се наведува во соопштението.

На местото на вооружениот судир е откриен магацин со оружје, муниција и експлозив и два самоубиствени елеци, се додава во соопштението.