Прекин на сообраќајот на патот Маврово-Дебар

Сообраќајот на патниот правец Маврово-Дебар денеска од 12 до 16 часот ќе биде во прекин.

Ќе бидат, информираат од „Македонија пат“, пропуштани само возилата со приоритет, полициските возила и возилата на Итна медицинска помош и на пожарна.

Прекинот е поради изведување на градежни работи.