ПСЖ подготви нов договор за Меси

LinkSense.mk

Челниците на ПСЖ прават се за да го задржат Лео Меси во Париз и следната сезона. Според „Ел Ларгуеро“, Меси на маса има понуден нов договор на една година плус уште една година, во кој неговата плата би останала на сегашните 30 милиони евра.

Повеќе од него во клубот сепак би имал Мбапе (50), но Меси би останал вториот најплатен играч во светот. Да не заборавиме дека Меси во јуни полни 36 години.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Хелаифи, веќе го известил Меси за понудата и е уверен дека Аргентинецот ќе ја прифати.

Меси, пак, не сака да брза со одлуката, туку го чека Светското првенство во Катар, иако и самиот минатата недела призна дека „максимално ужива да игра за ПСЖ“.

Често се споменува враќањето на Меси во Барселона, но освен што неговиот долгогодишен клуб нема 30 милиони евра за годишна плата, факт е дека тренерот Чави се уште не кажал ниту збор за Меси.

Затоа, останувањето на Меси во Париз е најреалната опција во моментов. Тимот игра одлично, тој повторно ужива, и игра одличен фудбал. Во ПСЖ практично има „загарантирана“ титула шампион на Франција, а воедно и реална шанса да дојде до својата петта ЛШ…