Пукотници во црква во Калифорнија и во продавница во Тексас

LinkSense.mk

Најмалку едно лице загина, а четворица се ранети во оружен инцидент во црква во Лагуна Вудс, Калифорнија, соопштија властите.

Едно лице загина, четворица се тешко повредени, а едно лице се здоби со полесни повреди во пукање во презвитеријанска црква“, информираа од канцеларијата на шерифот на округот Оринџ на Твитер. Сите жртви се полнолетни, се наведува во соопштението на шерифот.

Од канцеларијата на шерифот додадоа дека едно лице е приведено и дека е пронајдено оружје кое можеби било употребено во нападот.

Пукањето било пријавено околу 13.26 часот по локално време, соопштија властите, но не дадоа никаква изјава за можниот мотив за пукањето во црквата.

Лагун Вудс е град со околу 16.000 жители, а од Лос Анџелес е оддалечен околу 80 километри.

Пукањето се случило и во маркет во Хјустон. Во инцидентот најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени.

Пукањето дојде по расправија во која учествуваа пет лица“, соопшти канцеларијата на шерифот.

Двајца можни осомничени се приведени на местото на настанот, а третиот можен осомничен е пренесен во болница. Пронајдени се и најмалку два пиштоли, соопштија властите.

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)