Ракометарките на Вардар во Скопје против Битхајм

LinkSense.mk

Ракометарките на Вардар в петок во Скопје против Битхајм ќе имаат шанса да го потврдат првото место во групата од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ на овој дуел влегуваат како големи фаворити и секој исход освен победа ќе биде големо изненадување.

„Добро го познаваме противникот. Претходниот натпревар го добивме со голема разлика, иако првиот дел не беше лесен. Треба да играме перфектно за да победиме, и да ја решиме нашата задача во групата. Н апретходниот натпревар во Мец загубивме само порадите нашите грешки.

„Ни треба поддршката од трибините од сите, да бидеме сложни сите заедно дури и кога губиме. Треба да го вратиме победничкиот дух и да останеме на првото место – изјави тренерот Ирина Дибирова.

Победа за вардарки и освојување на 1. место ќе значи ривал за ривал во ТОП-8 фазата четвртопласираниот тим од првата група.

На првиот натпревар на почетокот на февруари во Германија македонскиот шампион победи со 38:26, па капитенот Јованка Радичевиќ со право очекува триумф и во Скопје.

„Сакаме само да победиме и на тој начин да го решиме првото место во групата. Со нашата добра енергија, добра одбрана ќе треба да стигнеме до победа – вели Радичевиќ.

Натпреварот в петок се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот.