Регулаторна и денеска ќе носи одлука за цените на горивата

LinkSense.mk

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и денеска ќе носи одлука за цените на нафтените деривати што ќе важат од полноќ. Како што информираат од Регулаторна, исполнети се предусловите за носење нова одлука за цената на горивата што ќе биде во сила од полноќ.

Според вчерашната одлука на Регулаторната комисија, од вчера по полноќ цената на дизелот се намали за три денари по литар, а на екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари, додека цените на бензините останаа непроменети.

Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, Регулаторната комисија може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денара.

За пресметката, РКЕ го зема просекот од претходните петдневни котации на берзата и воопшто не влијае цената на суровата нафта брент на светскиот пазар.