Во американската сојузна држава Ајдахо, во средата беше прекината егзекуцијата на серискиот убиец Томас Јуџин Крич, затоа што медицинските работници, и покрај неколкуте обиди, не успеаја да му ја најдат вената за осуденикот за да вметнат интравенска канила за смртоносна инјекција, пишува АП.
Крич (73) е половина век во затвор, осуден е за пет убиства во три држави, а осомничен за уште неколку. Тој веќе служел доживотна затворска казна кога во 1981 година до смрт го претепал својот колега од ќелијата, 22-годишниот Дејвид Дејл Џенсен. За тоа злосторство требало да биде погубен.
Томас Јуџин Крич, осуденик на смрт со можеби најдолг стаж во САД, бил доведен во количка во комората за погубување во Институтот за максимална безбедност во Ајдахо, во 10 часот.
„Тројца членови на медицинската екипа осум пати се обидоа да му вметнат интравенозна канила“, рече директорот на Одделот за затворски институции, Џош Тевалт, на конференцијата за новинари после тоа.
Во некои случаи не можеле да ја најдат вената, а во други можеле, но биле загрижени за квалитетот на вената. Се обидувале на различни делови од телото – рацете, нозете, дланките и стапалата. Во еден момент, член на медицинскиот тим отишол по уште залихи на медицинска опрема.
Во 10 часот и 58 минути управителот соопштил дека се прекинува извршувањето на смртната казна.
Одделот за затвори извести дека смртната пресуда на Крич ќе истече заради што се разгледуваат некакви следните чекори.
„Иако за погубувањето можат да се овозможат некои други медицински постапки, државата мора да го има на ум Осмиот амандман, кој забранува сурово и невообичаено казнување“, рече Тевалт.
Адвокатите на Крич веднаш поднесоа ново барање за одложување во Окружниот суд на САД, велејќи дека „исклучително неуспешниот обид за егзекуција“ ја докажува „неспособноста на министерството да спроведе хумано и со Устав загарантирано извршување“.
Судот го одобри одложувањето откако Ајдахо потврди дека нема да се обиде повторно да го погуби пред да му истече смртната пресуда. Државата ќе мора има втор налог доколку сака да го спроведе извршувањето. Имено, смртната казна мора да се изврши најмалку 60 дена по потврдувањето од американскиот претседател.
„Ова се случува кога на непознати лица со непроверено образование и едукација ќе им се довери извршување на егзекуција. Ова е впрочем таа врста на грешки за што ги предупредивме и државата и судовите дека може да се случи при обидот за егзекуција на еден од најстарите затвореници во земјата“, се вели во писменото соопштение на Федералната служба за извршување на санкции на Ајдахо.
Шест функционери од Ајдахо, вклучувајќи го и јавниот обвинител Раул Лабрадор, и четири претставници на медиумите, вклучувајќи го и новинарот на Асошиетед прес, присуствуваа на обидот за извршување на смртната казна – што требаше да биде прва егзекуција во Ајдахо во последните 12 години.
Тимот за извршување бил целосно составен од доброволци, соопштија од Одделот за санкции.
Тие кои што беа задолжени за вметнување на канилата и давање на смртоносниот лек поминале медицинска обука, но нивниот идентитет се чува во строга тајност. На глава носеле сини капи, а преку лицето имале специјални бели прекривки.
Секој обид да се вметне канилата траел по неколку минути.
Крич често гледал кон членовите на неговото семејство и претставниците, кои седеа во посебна просторија за сведоци.
Рацете му биле врзани за масата, но често ги пружал прстите кон нив. Се чинело дека повремено велел „те сакам“ некому во собата.
Откако била донесена одлука да се прекине егзекуцијата, управникот му пришол на Крич и неколку минути, шепотејќи, нешто му зборувал на уво.
Неколку часа подоцна, Лабрадор објави дека „извршувањето на правдата повторно е одложено“.
„Наша должност е да бараме правда за многуте жртви и нивните семејства кои ја доживеаја бруталноста и бесмисленоста на неговите постапки“, напиша главниот јавен обвинител.
Во вторникот вечерта, Крич поминал време со својата сопруга и го изел „последниот оброк“ во кој имало пржено пилешко, пире од компири, сос и сладолед.