Бакарот се искачи на своето највисоко ниво досега, продолжувајќи го силниот, повеќемесечен од нагоре, поттикнат од финансиските инвеститори кои се намножија на пазарот во очекување на продлабочување на недостигот на резерви.
Фјучерсите на Лондонската берза за метали утринава, на почетокот на тргувањето, скокнаа за повеќе од 4%, подигнувајќи го бакарот за прв пат повеќе од 11.000 долари за тон.
Скокот на цената на бакарот направи да се зголеми заинтересираноста на компанијата „БХП Груп“ за купување на конкурентската „Англо Американ Плц“, главно заради нејзините рудници за овој метал.
Неколку настани во 2024 година ги охрабрија „бакарните бикови“ и привлекоа зголемен тек на шпекулативни пари.
Слабата понуда на бакарна руда поттикна разговори за намалување на производството од страна на топилниците, додека краткиот притисок на њујоршката берза овој месец предизвика глобална навалица за обезбедување на овој метал.
Инвеститорите, трговците и директорите во рударството со години предупредуваат дека светот се соочува со критичен недостиг на бакар во услови на растечката побарувачка во зелените индустрии – од електрични возила до инфраструктура за обновлива енергија.
Цените се зголемија за повеќе од една четвртина од почетокот на годината, предводејќи ги севкупните добивки за главните индустриски метали.
Златото исто така се искачи на рекордно високо ниво со бакарот, при што двата метали се поддржани од оптимизмот дека американските централни банки ќе почнат да ги намалуваат каматните стапки оваа година.