РОДИТЕЛИТЕ ВО СРБИЈА ВО СТРАВ: „Болеста од 100 дена“ наголемо се шири меѓу децата, лекарите немаат објаснување

LinkSense.mk

Во Србија се зголемува бројот на деца кои боледуваат од голема кашлица, таканаречена „болест од 100 дена“.Според официјалните податоци, најпогодена е возраста до 12 месеци, но заболуваат и се повеќе школски деца на возраст од 10 до 14 години.Педијатарот д-р Саша Милиќевиќ вели дека болеста главно ги напаѓа децата од малата возраст и бебињата, поради недоволно развиениот имунитет.

„Инаку, оваа болест се карактеризира со постојана и силна кашлица. Токму по тоа ја разликуваме од обичните форми на кашлица, бидејќи кашлицата може да се појави кај астма, алергии или настинки. Таа е во тие случаи заштитен и одбранбен механизам, но големата кашлица е дијагноза и болест позната по друго име – „болест од 100 дена“, изјави д-р Милиќевиќ, пренесува „Блиц“.

„Можеме да ја препознаеме по тоа што децата имаат црвени очи, а вдишување и издишување им е отежнато, што родителите и најмногу ги плаши. Кога станува збор за мало дете, тоа може да биде опасно. Имено, поради таа интензивна кашлица, која доаѓа во налети, може да дојде до краткотрајно губење на свеста“, објаснува д-р Милиќевиќ.

Вели дека симптомите во почетната фаза се некарактеристични, поради што родителите можат да грешат при проценката на состојбата на детето.

„Се појавува треска, малаксаност, болки во грлото и кашлица. Денес секое трето дете ги има овие симптоми. Температурата понекогаш може да биде висока, а понекогаш и да ја нема. Главно, сето тоа личи на настинка, а потоа излегува дека друго дете имало голема кашлица и ја пренело“, вели Милиќевиќ.

Во текот на 2021 и 2022 година во Србија се регистрирани пет случаи, а само во октомври годинава имало дури 78 заболени со голема кашлица.

„Сите овие заразни болести имаат свој циклус. Некои се појавуваат на две, некои на четири години, а понекогаш и немаме вистинско објаснување зошто се појавило нешто. Вакцина постои, но нарушен е ритамот бидејќи луѓето ја изгубија довербата во вакцините. Ова не е вирус, туку бактериска болест“ заклучил Милиќевиќ за „Курир“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Илустрација)