Родителски фронт утре, среда, 20.11.2024 година, со почеток во 18 часот, во Кинотека на Македонија ќе ја одржи својата прва трибина во Скопје, со наслов ,,Постојат ли озаконети идеолошки индоктринации во македонското образование?!”
Говорници на трибината ќе бидат проф.д-р Тања Каракамишева Јовановска, м-р Гоце Бумбароски, одделенски наставник и Викарен Епископ Стобиски г.Јаков.
Сите кои имаат прашања во врска со темата на трибината, може да ги пратат на меил адресата frontroditelski@gmail.com или во инбокс на ФБ и Инстаграм страната „Родителски фронт“. На прашањата ќе се обидат да дадат одговор говорниците на трибината.
Трибината го означува и почетокот на работата на „Родителски фронт-Подружница Скопје“.
„Фронтот“ смета на присуство на сите заинтересирани и, велат, сите се добредојдени!