Рускиот произведувач на тактичка опрема TSNIITOCHMASH го презентираа својот нов производ – воен комбинезон кој што во потполност штити од експлозии и оган.
За таа прилика, каскадерката Викторија Колесникова, облечена во комбинезонот прошета низ симулација на војна, на која што експлодираа мини и се ширеше пламен.
И покрај тоа, Викторија помина без повреди и за новинарите изјави дека чувството е неверојатно кога се наоѓате на сред огнена стихија.
Сергеј Титов, задолжен за развојните програми во компанијата, кажа дека Колесникова ги демонстрирала наредните арамидни ткаенини, кои што имаат можност да издржат кинетички удари и оган.
На сегашното ниво на развој, материјалот и дизајнот на оделото се способни да се „спротивстават“ на куршуми и шрапнели, но се уште се работи на подобрување на отпорноста на оган, бидејќи во моментов оделото може да издржи 15 секунди континуирана изложување.
Тие се надеваат дека до 2020 година ќе имаат конечен производ со што ќе може ова одело да стане дел од програмата за модернизација на руската војска.







