Русија: Петти ден по ред повеќе од 800 починати од Ковид

Во последните 24 часа во Русија се потврдени 806 смртни случаи меѓу ковид пациентите, бројот на починати веќе петти ден по ред надминува 800, а според официјалните податоци на рускиот кризен штаб од почетокот на пандемијата борбата со вирусот ја загубија 171.305 луѓе.

Последното деноноќие се потврдени 20.765 новоинфицирани со корона вирус, а од почетокот на пандемијата вкупно се евидентирани 6.621.601 заразени лица, пренесе ТАС С.

 

 

(Фото: АП)